Турската компанија "Јагјемезлер" ќе гради текстилен производен погон во ТИРЗ Прдејци" кај Гевгелија. "Јагјемезлер" ќе отвори фабрика за производство на конфекциски елементи и ќе вработи 250 лица. Во погонот во Гевгелија ќе се произведуваат ластици за разни конфекциски производи наменети за странскиот пазар. Веќе одбравме локација во технолошката зона и по добивањето согласност ќе почнеме со изработка на проектот за изградба на фабриката, рече сопственикот на компанијата, Гунгор Кајс, кој потенцираше дека сообраќајната поврзаност на Гевгелија и близината до солунското пристаниште биле пресудни да инвестира во ТИРЗ "Прдејци". Градоначалникот Иван Франгов вели дека инвестициската активност јасно ја потврдува поволната бизнис-клима што ја нуди општина Гевгелија, почнувајќи од климатско-сообраќајните погодности до создадените урбанистички предуслови и понудените поволности за вложување. Со конфекцискиот погон во Штип турската компанија веќе 13 години е присутна во Македонија.
Турската компанија "Јагјемезлер" ќе гради текстилен производен погон во ТИРЗ Прдејци" кај Гевгелија.
"Јагјемезлер" ќе отвори фабрика за производство на конфекциски елементи и ќе вработи 250 лица.
- Во погонот во Гевгелија ќе се произведуваат ластици за разни конфекциски производи наменети за странскиот пазар. Веќе одбравме локација во технолошката зона и по добивањето согласност ќе почнеме со изработка на проектот за изградба на фабриката - рече сопственикот на компанијата, Гунгор Кајс, кој потенцираше дека сообраќајната поврзаност на Гевгелија и близината до солунското пристаниште биле пресудни да инвестира во ТИРЗ "Прдејци".
Градоначалникот Иван Франгов вели дека инвестициската активност јасно ја потврдува поволната бизнис-клима што ја нуди општина Гевгелија, почнувајќи од климатско-сообраќајните погодности до создадените урбанистички предуслови и понудените поволности за вложување.
Со конфекцискиот погон во Штип турската компанија веќе 13 години е присутна во Македонија.